Утрински Весник
Свет

Во Германија уништенo спомен-oбележје на жртви од расистички масакр

Во Германија уништенo спомен-oбележје на жртви од расистички масакр

Вандали во Келн уништија спомен-обележје на жртвите од расно мотивиран напад во Ханау, потврди полицијата.

Според германската полиција, вандалите искинале фотографии на жртвите и ги фрлиле на брегот на Рајна.

Младинската организација на социјалдемократите (СПД) објави дека меморијалот е уништен во неделата наутро.

Инцидентот во полицијата бил пријавен како уништување на имот.

Меморијалот беше подигнат за 10 лица убиени на 19 февруари 2020 година од екстремист во мал град недалеку од Франкфурт.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран: Хормуз останува затворен сè додека траат заканите од САД

Москва: Напади врз воени цели во Киев, Лвов и пет други региони

Неидентификуван објект падна во Полска и предизвика силна експлозија