Утрински Весник
Македонија

Облачно и посвежо време со локални врнежи од дожд

Облачно и посвежо време со локални врнежи од дожд

Времето ќе биде променливо облачно и посвежо, претежно во првиот дел од денот ќе има локален пороен дожд и грмежи, информира УХМР.

Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер кој вдолж Повардарието ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 24, а максималната од 29 до 37 степени. УВ=8

Во Скопје, променливо облачно, посвежо и понекаде во регионот со повремено пороен дожд и појава на грмежи. Ветерот ќе биде северен и краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе биде околу 19, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Претежно претпладне и во текот на пладневните часови ќе има појава локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, со пообилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.

Денеска и во сабота температурите ќе опаднат за 4 до 5 степени.

Можете да прочитате

Билатерална средба на македонската и хрватската Царина: „Ќе оставиме видлив белег” во реформите за забрзана ЕУ интеграција

Tешко повредена тинејџерка, падна во отвор за лифт во зграда во изградба

Обвинителството бара преиспитување на ослободителната пресуда за таткото на Вања пред Апелација