Утрински Весник
Македонија

Облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде прoменливо облачно и нестабилно, особено во попладневните часови на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

dobivaj vesti na viber

Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.

Во Скопје променливо облачно, попладне со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 28 степени.

И во следните денови подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на влажен и нестабилен воздушен бран, што ќе услови променливо облачно, посвежо и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално, претежно во попладневните часови, ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме.

Можете да прочитате

Македонец пронајден мртов после 22 години потрага

Експретседателот на скопскиот Основен суд се пријавил на огласот за државен јавен обвинител

ТИТАН Усје: Неоснованите напади само кон една компанија се неразбирливи – фабриката не работи, а загадувањето е високо