Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Облачно и магловито, со повремен дожд

Облачно и магловито, со повремен дожд
300x250 opst2

Времето денеска ќе биде значително облачно со повремени локални врнежи од дожд, само на повисоките планини од снег. Претпладне во одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер, особено по должината на Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната од 6 до 12 степени.

Во Скопје претежно облачно, претпладне магливо, а преку денот со повремен дожд. Кон крајот на денот ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 8 степени.

Од четврток следуваат денови на стабилно време со натпросечни дневни температури. Особено топло ќе биде за време на викендот.

Можете да прочитате

Кичевчанец возел со 1.85 промили алкохол во крвта

СДСМ: Застана откупот на пиперката ајварка поради срамно ниски цени, дебакл на ВМРО-ДПМНЕ

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони”