Утрински Весник
Спорт

Повредите и КОВИД го „десеткуваа“ Њукасл – откажан мечот со Евертон

Повредите и КОВИД го „десеткуваа“ Њукасл – откажан мечот со Евертон

Мечот Евертон-Њукасл е откажан по барање на клубот од „Сент Џејмс парк“, откако по неколку позитивни случаи на КОВИД и повредите на најдобрите играчи, Калам Вилсон и Алан Сен-Максиман во ремито со Њукасл, останаа со премалку играчи.

Калам Вилсон доби скинат мускул на ногата при 1:1 ремито со „ѓаволите“ и ќе паузира подолго време, додека и Сен-Максимен доби помала повреда, а Рајан Фрејзер доби повреда на мускулот. Ова значеше дека Еди Хоув не можеше да именува 13 фудбалери (+1 голман) за мечот на „Гудисон парк“.

Ова е 16. меч од Премиерлигата кој е откажан од стартот на декември.

> Повредите и КОВИД го „десеткуваа“ Њукасл – откажан мечот со Евертон <

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД