Утрински Весник
Македонија

Облачно и ветровито време со локални врнежи од дожд

Облачно и ветровито време со локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно, со локални врнежи од дожд и значително посвежо на северот и на заподот од земјата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и појава на ретки грмежи.

На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег. На југозападот ќе дува засилен западен ветер. Максималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, краткотрајно и со пороен интензитет и со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Можете да прочитате

Жена пронајдена почината во домот во Аеродром

Митева: Владата донесе одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница согласно законските одредби

Соседите ги користат критичните минерали како развојна шанса, Македонија сè уште не го активира Иловица