Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Облачно време со пороен дожд и грмежи

Облачно време со пороен дожд и грмежи
300x250 opst2

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо. Претпладне ќе има сончеви периоди, а од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, информира УХМР.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со обилен пороен дожд (над 30л/м2), поинтензивни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степен.

Во Скопје претежно облачно, претпладне со сончеви периоди, а од пладне со зголемена нестабилност и појава на пороен дожд со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде околу 17, а максималната ќе достигне 26 степени.

Во наредните денови ќе продолжи период на променливо облачно, нестабилно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и грмежи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мартин од домашен притвор до бегство и смрт со експлозив во Белград

Серија инциденти меѓу ученици во Скопје – полицијата со три нови случаи на насилство

Ограбен турски државјанин на Автобуската станица во Скопје