Утрински Весник
Магазин

Макартни вели дека тој и Ленон останале пријатели до крајот

Макартни вели дека тој и Ленон останале пријатели до крајот
300x250 (7)

Сер Џејмс Пол Макартни верува дека луѓето погрешно ја просудуваат неговата улога во распадот на „Битлси“. Тој е свесен дека многу фанови мислат членовите на легендарниот бенд меѓусебно се мразеле кога се разделиле, но вели дека таквата перцепција за настаните е погрешна.

Во интервју за магазинот „Џи-кју“ Пол рече: „Мислам дека кога Битлси се распаднаа, постоеше заблуда дека сите ние сме се мразеле едни со други.

„Сега сфаќам дека тоа беше семејство, група, а семејствата се караат. Семејствата понекогаш имаат несогласувања. Некој сака да направи едно а некој сака да направи нешто друго.“

Поранешниот битлс откри дека се свртел кон алкохолот откако бендот во кој беа и Џон Ленон, Џорџ Харисон и Ринго Стар се распадна во 1970 година.

78-годишниот музичар објасни: „Немаше многу време да се занимаваме со ментално здравје. Едноставно, или пиеш или спиеш. Тоа беа многу депресивни времиња.“

Макартни склучи култно партнерство за пишување песни со Ленон во времето на најголемата популарност на групата во 1960-тите, но признава дека врската помеѓу нив двајца честопати била незгодна, особено откако сопругата на Џон, Јоко Оно, го минираше неговиот придонес во легендарната група.

„Се сеќавам дека прочитав напис, интервју со Јоко, која секако беше голем поддржувач на Џон, и во статијата таа вели: Пол не прави ништо. Сè што некогаш направил е да изнајми студио.“

На крајот на интервјуто, Пол открива дека со Џон ги испеглале разликите пред неговото убиство во 1980 година, и вели дека останале пријатели до крајот. „Среќен сум што е така.“

 

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Вселенско пристаниште во Шкотска блиску до лансирање на сателит, совладани две од три пречки

Со долгорочната прогноза за летото се најавува забрзано опаѓање на топлиот циклус и пристигнување на ладниот

Во новата сезона на „Симпсонови“ убиен еден од важните ликови од серијата