Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Обвиненија за 11 лица во Делчево

Даночна инспекторка од Кавадарци обвинета за примање поткуп
Img 7972

Скопје, 3 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Делчево до Основниот суд Делчево достави предлози за издавање казнени налози со кои опфати вкупно 11 лица.

Како што соопшти Јавното обвинителство, седум лица се обвинети за сторено кривично дело – Непостапување по здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик и се товарат дека не постапиле согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за забрана и посебен режим на движење на територијата на државата.

Четворица, како што се наведува во соопштението, се обвинети за истото кривично дело бидејќи не ги почитувале наредбите за спроведување задолжителна самоизолација. За време на периодот од 14 дена во кој не требало да ги напуштаат своите престојувалишта, обвинетите не биле пронајдени при вршење на контрола.

За сите обвинети лица, обвинителството предложи да им биде изречена парична казна во висина од по 2000 евра во денарска противвредност.​​ дма/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со „бмв“ удрил во паркирано возило, а потоа во малолетен пешак

Тасевски: Раководството на М-НАВ сее страв и паника, Штрајкот е законски, а безбедноста на парниците не е загрозена со штрајкот!

Мојсоска: Време е истрошените политичари да заминат на буништето на историјата