Утрински Весник
Македонија

Владата со одлука за нова забрана за движење во Куманово од вечерва од 21 до понеделник до 05 часот

Функционерите на минималец, нема да се кратат платите на администрацијата

Скопје, 3 април 2020 (МИА) – Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во Општина Куманово, односно целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот вечерва до 05:00 часот во понеделник на 6 април 2020 година. Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) кои своите работни ангажмани ќе ги реализираат непречено.

Како што наведуваат од владината прес-служба во соопштение, во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи во периодот од 16:00 до 05:00 часот секој ден.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи на подрачјето на Општина Куманово.скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври