Утрински Весник
Македонија

Обвинение против скопјанец кој дома чувал нелегален пиштол со отстранет сериски број

Обвинение против скопјанец кој дома чувал нелегален пиштол со отстранет сериски број

Скопското основното јавно обвинителство поднесе обвинение против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

Обвинетиот 30-годишник, на 30 октомври, во неговиот дом на скопската улица „Методија Андонов Ченто“, неовластено држел пиштол V.BERNADELLI GARDONE V.T. со калибар 7,65 милиметри, со механички отстранет сериски број.

При претресот кај него била пронајдена и рамка со седум куршуми за тој пиштол.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетиот, како и на мерката за привремено одземање на патната исправа, со цел да се обезбеди негово присуство во текот на постапката против него​.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница