Утрински Весник
Македонија

Обвинение против гостиварец кој четири години не плаќал данок на доход

Обвинение против гостиварец кој четири години не плаќал данок на доход

Гостиварското Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против едно лице кое се товари за кривично дело – даночно затајување.

Како што информираат од Обвинителството, во периодот од 2014 до 2018 година, обвинетиот одбегнувал плаќање на персоналниот данок на доход.

Во наведениот период остварил приходи од 38.939.778 денари, но истите не ги навел во даночните пријави со што затаил персонален данок на доход во износ од 713.895 денари на штета на државниот буџет.​​

Можете да прочитате

Ренџерите од Маврово го извлекоа повредениот планинар од Кораб

ВЛЕН: Просрпскиот собир во Куманово го организираше пријателот на Бујар Османи, почесниот конзул Владимир Стајиќ!

Николоски: Со законски измени стимулираме изградба на дата центри во Македонија