Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Обвинение против гостиварец кој со нож ги нападнал својата сопруга и ќерката

Обвинение против гостиварец кој со нож ги нападнал својата сопруга и ќерката
300x250 opst2

Гостиварското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 59-годишен жител на селото Форино за кого постои сомнение дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста.

Тој е обвинет дека на 29 мај минатата година, при вршење семејно насилство, ја загрозил сигурноста на својата сопруга и својата ќерка.

Најпрвин, по расправија, тој се заканил дека ќе ја убие сопругата, која за да се спаси, заедно со малолетната ќерка, заминала да се скрие кај роднина.

Обвинетиот ги следел, по што продолжил со нож да се заканува на сопругата и на ќерката која се обидела да ја одбрани мајката. Двете успеале да се одбранат од насилникот и го пријавиле во полиција.

Следниот ден, на 30 мај 2020 година, полицијата извршила претрес во домот на обвинетиот, каде пронашла бајонет со сечиво од 30 сантиметри, како и неколку куршуми, па против него е поднесено и обвинение за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.​

Можете да прочитате

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ

Филипче од Охрид: Да кренеме глас и да се бориме против самоволието на ДПМНЕ