Утрински Весник
Македонија

Обвинение за гостиварец кој со нож нападнал човек, чие возило било паркирано до патот

Обвинение за гостиварец кој со нож нападнал човек, чие возило било паркирано до патот

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог протв 40-годишен жител на Форино кој се товари дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, предвидено во член 133 од Кривичниот законик.

На 27.10.2021 година, на регионалниот пат Чегране-Форино, обвинетиот при караница посегнал по опасно орудие со кое може телото тешко да го повреди или здравјето тешко да го наруши. Тој го забележал оштетениот паркиран покрај патот и излезен од своето возило „Порше кајен“ со скопски регистарски ознаки, па го запрел својот автомобил „Тојота“ со гостиварски ознаки веднаш до него. Започнал да го пцуе и да го навредува, а потоа од јакната извадил нож со кој замавнал кон оштетениот. Оштетеното лице веднаш влегло во својот автомобил и го напуштило местото, а настанот го пријавило во полициска станица.​​

Можете да прочитате

ДОМ: Наместо правна сигурност, граѓаните повторно добија институционална конфузија и закана по животната средина околу Иловица

Талески за Тошковски: Пет тони дрога поминаа преку граница, а никој не одговараше

Уапсен скопјанец затоа што предизвикал пожар