Утрински Весник
Македонија

Нухиу поништи 20 решенија донесени од Чулев за распоредување на работни места

Нухиу поништи 20 решенија донесени од Чулев за распоредување на работни места

На денешната седница Владата го прифати барањето на министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, за поништување на решенијата за распоредување и наредбите за извршување на работни задачи кои ги донесе претходниот министер Наќе Чулев бидејќи се донесени спротивно на Законот за Влада и на подзаконските акти во Министерството за внатрешни работи и на членовите 106, 107 и 154 од Законот за внатрешни работи и на членовите 36, 37, и 38 од Колективниот договор на МВР.

Со оваа одлука на Владата се поништуваат 20 решенија за распоредување и наредбите за извршување на работни задачи, донесени од 11 јуни до 24 јули 2020 година, со што работниците ќе се вратат на претходните работни места на кои биле распоредени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Гeроски го спореди претседателот на СДСМ со убиец на деца

Жерновски: Мицкоски најде начин како да ги задржи младите дома!

Лабрадорот Роџер нов член на терапевтскиот тим на Психијатриската клиника во Скопје