Утрински Весник
Македонија

Нуредини најави засилени капацитети за контрола и казнување на загадувачите

Нуредини најави засилени капацитети за контрола и казнување на загадувачите

Министерот за животна средина, Насер Нуредини, најави засилени капацитети за контрола и казнување на загадувачите. Тој најави и интензивирање на инвестициите во обновливи извори на енергија, а што истовремено ќе има ефект и на намалувањето на емисиите на загадувачките супстанции во воздухот.

„Веќе работиме на интеграција на енергетските и климатските политики, како и Долгорочната стратегија за климатска акција, што значи интензивирање на инвестициите во обновливи извори на енергија, а што истовремено ќе има ефект и на намалувањето на емисиите на загадувачките супстанции во воздухот. Во таа насока, ги повикувам инспекциските служби од сите области, и во рамките на Владата ќе барам засилување на капацитетите, за соодветна контрола на теренот и казнување на секаков вид на загадување. Ќе се заложам за подобра координација и кооперација на овие служби“, изјави Нуредини.

Тој најави и зголемување на бројот на мерни станици за загадувањето на воздухот и кажа дека се подготвува теренот и се очекува пристигнувањето на нова мерна станица во Гевгелија.

„За подобар пристап на граѓаните до овие податоци, ќе изработиме нов лесен и транспарентен софтер за употреба. Во нашиот информативен систем веќе може да биде видена тридневна прогноза за поволни временски услови за загадување, а истиот ќе го поврземе и со постоечкиот систем за рана најава на УХМР“, рече министерот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Камерите го снимија моментот на кршењето на стаклото на Бугарската амбасада во Скопје

ТДП ја потврди победата во Центар Жупа

ДИК со првични неофицијални резултати од гласањето во четири општини