Утрински Весник
Македонија

40 илјади деца немаат компјутери за да следат онлајн настава

Училиштата ќе отпечатат материјали за учење од дома за 40 илјади деца кои немаат техничка опрема за следење на онлајн наставата.

„Тоа е затекната состојба, која не може да се надмине во период од еден месец. За тие деца ќе имаме часови кои ќе бидат поставени на Националната телевизија, на каналите коишто се веќе обезбедени и преку нив тие ќе може да бидат изложени на информациите коишто треба да ги добијат во училиште“, рече министерката за образование Мила Царовска.

Тие деца исто така ќе бидат подложни на оценувањето во училиштата.

Со час по информатика денеска беше презентирана првата Национална платформа за онлајн учење во оваа учебна година.Националната платформа за онлајн учење ќе работи на пет јазици: македонски, албански, турски, српски и бошњачки.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Побаран притвор за 20-годишник: Удрил дете во глава пред „Јане Сандански“, тоа се онесвестило

Јахији од ДУИ победил во Брвеница со стотина гласа предност

Стојаноска ја нападна ВРЕДИ: Наместо да се разликува од ДУИ, одигра во нејзина корист