Утрински Весник
Македонија

Носителите на кандидатските листи на парламентарните избори ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори

Седница на Државната изборна комисија

Скопје, 17 јуни 2020 (МИА) – Во Државната изборна комисија (ДИК) утре носителите на кандидатските листи за предвремените парламентарни избори на 15 јули ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори.

Како што информираат од ДИК, потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори е обврска која произлегува од член 8-в од Изборниот законик.

По потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори, ДИК ќе изврши ждребка за определување на билбордите за политичко рекламирање. ев/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Облачно со сончеви периоди и северен ветер

Свеќи и транспаренти за Билјана – граѓани излегоа на мирен протест во Богданци

Димитриевски: ЗНАМ ќе излезе од Владата ако правосудниот испит се полага и на албански