Утрински Весник
Свет

Нов црн рекорд во Србија – 65 починати и над 6.000 заразени

Нов црн рекорд во Србија – 65 починати и над 6.000 заразени
Ss2

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 6.179 случаи на коронавирус, a починале 65 лица.

Тестирани биле 15.508 луѓе.

Ss1

Според последните податоци, во болниците има 7.256 пациенти, од кои на респиратори се 252.

Од почетокот на епидемијата, во Србија се регистрирани 169.214 случаи на коронавирус, а како последица на пандемијата починале 1.549 луѓе.

Ситуацијата во Србија е сè уште критична, а лекарите секојдневно известуваат за голем број прегледи во ковид-амбулантите. Сè повеќе болници низ целата земја се префрлаат на ковид-системот, односно пациентите се превезуваат во болници каде има места.

Властите апелираат да се почитуваат мерките, особено носењето маски и држењето растојание.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард

Турскиот министер Фидан повика на глобално муслиманско единство за поддршка на Палестинците

Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори во Газа до победа