Утрински Весник
Спорт

Нов трипл-дабл на Јокиќ, Денвер го победија Мајами

Нов трипл-дабл на Јокиќ, Денвер го победија Мајами

Никола Јокиќ, со нов трипл-дабл, го предводеше Денвер Нагетс до победата над Мајами Хит 123:106.

Јокиќ, го забележа 15 трипл-дабл во сезоната, 56. во кариерата, натпреварот со Мајами го заврши со 17 поени, 10 скока и 11 асистенции. Српскиот центар успеа да забележи трипл-дабл, иако погоди само шест од 14 обиди од поле.

Сезонава повеќе трипл-дабл учиноци од Јокиќ забележал само Расел Вестбрук (23).

Денвер до триумфот, со кој ја прекинаа низата од два порази (Бостон и Голден стејт), го предводеа Мајкл Порттер јуниор со 25 поени и 10 скока, односно Џамајкл Грин со 17 поени.

Деневер се наоѓаат на четвртото место на Западот, додека Мајами се седми на Истокот.



> Нов трипл-дабл на Јокиќ, Денвер го победија Мајами <

Можете да прочитате

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

Индијана се избори за мајсторка во серијата со Њујорк