Утрински Весник
Свет

Нов рекорд во Австралија – за еден ден од корона починале 100 луѓе

Нов рекорд во Австралија – за еден ден од корона починале 100 луѓе

Австралија за еде ден има околу 100 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, што е најголем број смртни случаи од болеста од почетокот на пандемијата, но бројот на хоспитализирани опаѓа, па се очекува ситуацијата да се смири.

По појавата на сојот омикрон што брзо се шири, Австралија забележа голем пораст на бројот на заразени, вкупно околу два милиони случаи во последните четири недели.

Од почетокот на пандемијата до избувнувањето на омикрон, Австралија имаше само 400.000 луѓе заразени со Ковид-19 на 25 милиони жители.

Сепак, иако бројот на заразени е зголемен, стапките на хоспитализација се стабилни во последните неколку дена, односно бројот на хоспитализирани опаѓа трет ден по ред, па тамошните служби се надеваат дека најлошото е зад нив.

Бројот на хоспитализирани се движеше околу 5.000 во последните неколку дена, освен вторникот, кога го достигна врвот на речиси 5.400.

„Генерално, ситуацијата е стабилна… Очекуваме дополнителен пад на бројот на хоспитализирани“, рече шефот на здравството во Квинсленд, Џон Џерард на прес-конференција, според Ројтерс.

Во таа држава трет ден по ред опаѓа бројот на хоспитализирани за ковид-19, а сега во болница се околу 800 лица.

Но, Џерард предупреди дека пандемијата не е завршена.

„Сè уште не излегувајте и славете, но вестите се добри засега“, рече тој.

Можете да прочитате

Русија тврди дека нејзините сили зазеле уште едно село во источна Украина

 „Брисел ја уништува демократијата во Европа“ – Маск со повик земјите членки да ја напуштат ЕУ

Суд во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот