Утрински Весник
Свет

Нов кластер на коронaвирус во Австрија, го предизвикале патници од Косово

Нов кластер на коронaвирус во Австрија, го предизвикале патници од Косово

Во австриската провинција Горна Австрија се појави кластер на коронавирус, предизвикан од работници кои пристигнале со автобус од Косово.

Патниците на автобусот што носел луѓе кои работеле во Горна Австрија се заразиле со короната.

Од 34-те патници, повеќе од половина биле позитивни на коронавирусот.

Овој кластер, во меѓувреме, опфати пет општини и погоди седум компании и пет училишта.

Минатата година, како што истакнаа властите, честопати имало проблеми со автобусите кои превезувале работници од Романија и Косово.

Неофицијалните превозници често ги менуваат своите рути за да избегнат полициски проверки, што го отежнува спречувањето да се внесе вирусот.

Како што сега е објавено, „заразениот“ автобус од Косово на 3 април донел 34 викенд-работници во Горна Австрија.

По пристигнувањето, тие се разишле низ провинцијата и со тоа предизвикале огромен кластер.

Досега, 18 патници од тој автобус биле позитивно тестирани и тие ја рашириле короната во австриските општини.

Можете да прочитате

Над 5.000 убиени во протестите во Иран

Санчез: Инвазијата на Гренланд од страна на САД би го усреќила Путин

12годишно дете нападнато од ајкула на плажа во Австралија