Утрински Весник
Македонија

Нов зелен плоштад на кејот „Димитар Влахов“

Нова зелена јавна површина се уредува на кејот „Димитар Влaхов“. Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ работат на површина од 3.244 квадратни метри која е поделена на повеќе парцели со пешачки патеки.

Во текот на активностите на оваа локација површинскиот слој земја ќе се прекопа и отстрани и ќе се нанесе квалитетна почва. На површината се поставува систем за полевање, се формира тревник и планирано е засадување дрвја и грмушки.

На новиот зелен плоштад на кејот „Димитар Влахов“ е предвидено да се засадат зимзелени и листопадни садници и грмушки. Листопадните садници ќе се засадат на делот каде што се поставени клупи, за да се овозможи пријатен престој за посетителите. Сите зелени површини ќе бидат обиколени со листопадни садници кои ќе формираат дрворед. Покрај пешачките патеки, пак, се дефинира комбинација од зимзелени и листопадни дрвја.

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве работат на уредување и одржување и на други јавни зелени површини во градот. Во сите реони низ градот се врши машинско косење трева и собирање откос, се чистат површините од отпадоци, се отстранува стариот пролетен расад и се заменува со нов, летен расад. Сезонски цветен расад се сади во реоните Бутел и Центар.

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни