Утрински Весник
Свет

Нов Зеланд ја одобри вакцината на Фајзер-Бионтех

Нов Зеланд го победи и вториот бран на епидемијата

Управата за безбедност на лекови и медицински помагала на Нов Зеланд, „Медсејф“ привремено ја одобри употребата на вакцината против Ковид-19, која заеднички ја развија американскиот производител на лекови „Фајзер“ и германски „БиоНТех“, објави новозеландската влада.

„ Привременото одобрување на вакцината Фајзер-БионТех е позитивен чекор во борбата против Ковид-19“, рече премиерката Џaсинда Ардерн. Таа исто така додаде дека ова значи дека сега можат да започнат подготовки за првата фаза од воведувањето на вакцинацијата.

Вакцините се очекува да пристигнат во Нов Зеланд до крајот на првиот квартал, објави владата, додавајќи дека први ќе бидат вакцинирани луѓето со најголем ризик за оваа болест, а другите ќе бидат вакцинирани во втората половина на годината.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

МААЕ пријави три напади со беспилотни летала врз нуклеарната централа Запорожје

Зеленски: САД го информираа Киев за состаноците во Москва

Ново предупредување од опасност од поплави во Непал