Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Нов Зеланд бесплатно ќе го вакцинира целото население

Нов Зеланд бесплатно ќе го вакцинира целото население
Img 7972

Нов Зеланд ќе започне бесплатно да ја вакцинира целата популација до средината на следната година, објави премиерката Џасинда Ардерн.

Владата соопшти дека обезбедила доволно вакцини за сите 5 милиони жители, а биле потпишани договори со фармацевтските компании Астра зенека и Новавакс.

Договорите обезбедуваат 7,6 милиони дози на „Астра зенека“ и 10,72 милиони на „Новавакс“, што е доволно за повеќе од 9 милиони луѓе, имајќи предвид дека и двете вакцини се примаат во две дози, пишува „Ројтерс“.

„Тоа ќе биде најголемата имунизација во историјата на Нов Зеланд“, рече Ардерн на прес-конференција.

Таа објасни дека во првата половина на годината ќе бидат вакцинирани граничарите и припадниците на спасувачките служби, а во втората половина сите жители.

Датумите за испорака, сепак, не можат да се гарантираат со оглед на високата побарувачка за вакцини, особено во земјите кои се борат со голем број на заразени и починати лица.

Нов Зеланд е меѓу ретките земји кои успеаја да го спречат ширењето на коронавирусот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите