Утрински Весник
Спорт

Ново злато за Косово, Хрватска и Словенија

Ново злато за Косово, Хрватска и Словенија
Img 5587

Косово успеа да стигне до ново олимписко злато, второ во Токио, откако Нора Ѓакова ја следеше Дистри Красниќи до злато во натпреварувањето во џудо, победувајќи во категоријата до 57 килограми.

Ѓакова стигна до златото откако нејзината француска противничка Сара Леони Сисик беше дисквалификувана поради удар со глава.

Ss1

И Хрватска може да се пофали со злато по понеделничките натпреварувања, откако Матеа Јелиќ беше најдобра во теквондо во категоријата до 67 килограми победувајќи ја Британката Лорен Вилијамс со 25:21. Тони Канает донесе бронза за Хрватска во истиот спорт, откако во категоријата до 80 килограми, во борбата за третото место го победи Узбекистанецот Никита Рафалович.

Словенците пак го слават својот херој, Бенјамин Савшек, кој го освои првото злато за својата земја во кану на диви води, победувајќи ги ривалите со неверојатна предност од 4 секунди. Лукаш Рохан од Чешка освои сребро пред Германецот Сидерис Тасаидис.

Со оваа победа Савшек стави крај на доминацијата на Словачка и Франција во дисциплината, откако тие две земји ги дадоа сите олимписки шампиони од ОИ во Атланта во 1996 година.

> Ново злато за Косово, Хрватска и Словенија <

Ss1

Можете да прочитате

Струга ТЛ ја прекина соработката со тренерот Дуро

Рангник се откажа од жешкото столче кај Баерн Минхен

Синер: Морав да се повлечам од турнирот во Мадрид