Утрински Весник
Македонија

Ново зеленило од 3.700 квадратни метри кај булевар Србија

Ново зеленило од 3.700 квадратни метри кај булевар Србија

Eкипи на ЈП „Паркови и зеленило“ започнаа со активности за хортикултурно уредување на нова зелена површина на булевар Србија, на потегот од булеварот Февруарски поход до булевар АСНОМ во општина Аеродром.

Oд Град Скопје информираат дека на оваа локација завршила изградбата на вело и пешачка патека во должина од 850 метри, на вкупна површина од 3.400 квадратни метри.

„Со реализацијата на овие активности, на овој запуштен потег во општина Аеродром ќе се формира нов зелен коридор на површина од 3.700 квадратни метри меѓу коловозната лента и вело патеката на булеварот Србија.

Хортикултурното уредување се реализира етапно и опфаќа формирање нов тревник, садење нова вегетација и спроведување на систем за полевање“, се наведува во соопштението на градските власти.

Новопредвиденото зеленило го сочинуваaт листопадни и зимзелени садници, а изборот на видовите е направен да се добие естетски и функционално уредена зелена површина.

Можете да прочитате

Работник во рудник донесен повреден во болница

Левица: Ревизорски шамар за ПИОМ – Каде завршија милиони евра на граѓаните?!

Турски врвен уролог изведе четири сложени операции на Клиниката за урологија во Скопје