Утрински Весник
Спорт

Нови хаотични сцени во Франција – навивачите на Сент-Етјен ја запалија мрежата!

Нови хаотични сцени во Франција – навивачите на Сент-Етјен ја запалија мрежата!

Францускиот фудбал повторно ни носи беснеење на навивачите и проблеми на трибините откако лутите навивачи на Сент-Етјен го искажаа своето незадоволство од катастрофалниот почеток на сезоната со фрлање факли на теренот пред почетокот на мечот со Анжер палејќи ја мрежата на голот и предизвикувајќи мечот да биде прекинат пред да почне.

Сент-Етјен, клубот што има освоено рекордни 11 француски титули (ПСЖ е втор со 9 круни), има катастрофален почеток на сезоната со четири ремија и шест порази во првите 10 кола и се наоѓа на последното место на табелата. Навивачите подолго време бараат отказ за тренерот на клубот, Клод Пуел.

> Нови хаотични сцени во Франција – навивачите на Сент-Етјен ја запалија мрежата! <

Можете да прочитате

Клубот на Роналдо е во длабока криза, должи 200 милиони долари

Tрка од Формула 1 шампионатот ќе се одржи во Малезија наместо во Бахреин

ИОК нема да ги истражува постапките на Инфантино на СП 2026