Утрински Весник
Свет

Нови мерки во најпопуларните одморалишта – се забрануваат журки на Миконос и Халкидики

Нови мерки во најпопуларните одморалишта – се забрануваат журки на Миконос и Халкидики

Поради зголемувањето на заразените со коронавирус, грчките власти воведоа дополнителни ограничувања во најпопуларните дестинации за одмор.

Така на островот Миконос и на Халкидики ќе бидат забранети журки, верски поворки, како и работа на пазарите, пренесува агенцијата АП.

Дозволено ќе биде да се групираат максимум по девет лица, како на затворен простор, така и на отворено.

Исто така, во угостителските објекти, максимум четири лица ќе можат да седат на иста маса, а доколку станува збор за семејство, на масата ќе може да има шест лица.

Ќе биде задолжително да се носат маски во затворен простор и на отворено.

Мерките ќе бидат применети во наредните 10 дена, според грчкиот весник „Катимерини“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Орбан: За мир во Украина потребна е средба меѓу Путин и Трамп

Амнести Интернешнл: Израелскиот предлог за „хуманитарен град“ е намера за воени злосторства

Нојман: Употребата на дронови во војната во Украина „не е пример“ за воздушните способности на НАТО