Утрински Весник
Свет

Папата Франциско: Жално е ако на најбогатите им се даде приоритет за добивање на вакцината

Папата Франциско: Жално е ако на најбогатите им се даде приоритет за добивање на вакцината

Папата Френциско изјави дека е против секоја можност богатите да добијат приоритет при вакцинацијата против коронавирус.

„Пандемијата е криза. Ние мора да излеземе од неа како подобри луѓе“, рече папата.

Говорејќи за време на својата неделна јавна аудиенција, тој рече дека по пандемијата на Ковид-19, животот нема да се врати во нормалност, ако таа нормалност значи социјална неправда и деградација на природното опкружување.

„Колку би било жално ако приоритет за добивање на вакцината им се даде на најбогатите“, рече папата. Тој, исто така, додаде дека би било скандалозно целата економска помош, главно преку употреба на јавни средства, да заврши со заживување на индустриите кои не им помагаат на сиромашните, пренесува Асошиејтед Прес.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два танкера погодени од проектили во близина на брегот на Саудиска Арабија

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира – САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025

Нов бран протести низ Франција поради зголемените трошоци за живот