Утрински Весник
Технологија

Новиот 5-Г паметен телефон на Ел-џи со два екрана

Новиот 5-Г паметен телефон на Ел-џи со два екрана

Лос Анџелес, 27 февруари 2020 (/) – Компанијата Ел-џи официјално го претстави својот нов паметен телефон со два екрана, којшто ја поддржува 5-Г мрежата.

Се работи за „ЛГ В-60 Тин-Кју 5-Г“. Содржи Снепдрагон 865 процесор, осум гигабајти РАМ и 128 или 256 гигабајти внатрешна меморија со можност за проширување со помош на микро СД картичка до два терабајти. Уредот се напојува со батерија од 5.000 мегаампер-часови.

П-ОЛЕД екранот е со големина од 15,75 сантиметри и резолуција од 2.460 х 1.080 пиксели. Вредно да се спомене и дека В-60 Тин-Кју има 3,5 милиметарски излез за слушалки и сензор за отпечаток од прст на екранот. Одзади е главната камера од 64 мегапиксели, како и 13-мегапикселната ТоФ камера, а пак, напред има камера од 10 мегапиксели.

Уредот ќе биде достапен во сина и бела боја, а продажбата почнува в март. Ќе чини нешто помалку од 1.000 долари и ќе може да се купи на европскиот, северноамериканскиот и азискиот пазар. си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ПРОДАЖБАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ ВО ЕВРОПА ВО 2023 ГОДИНА ПОРАСНАЛА ЗА РЕЧИСИ 14 ПРОЦЕНТИ

Jana

Новите очила на „Apple“ најверојатно брзо ќе се распродадат

Jana

ЕУ ги казни „Валв“ и пет други компании поради ограничување на продажбата на видеоигри

META