Утрински Весник
Македонија

СДСМ и Беса потпишаа Декларација за заеднички настап на изборите на 12 април

СДСМ и Беса потпишаа Декларација за заеднички настап на изборите на 12 април
Img 5587

 

Скопје, 27 февруари 2020 (МИА) – СДСМ и Движењето БЕСА го официјализираа предизборниот договор за заедничко учество на предвремените парламентарни избори, закажани за 12 април.

Лидерите на СДСМ и на Беса Зоран Заев и Биљаљ Касами ги усогласиле ставовите околу програмата, но носителите на изборните листи. Тие денеска потпишаа Деларација за заеднички настап на изборите на 12 април. Прв пат во историјата на независна Македонија се постигна предизборна коалиција меѓу партии на Македонците и на Албанците.

Img 5587

Во заедничката изјава за Декларацијата за заеднички настап на СДСМ и на Движењето БЕСА, се потенцира дека таа се потпишува во духот на градење доверба и заедничка европска иднина и почитување на граѓанските вредности, идентични на европските вредности.

СДСМ и Беса се залагаат за негување и почитување на правата на сите етничките заедници, развој, создавање подобри услови за сите граѓани за да ја градат својата иднина овде, за борба проти корупцијата и праведно судство, а интеграцијата во ЕУ останува единствена опција. ев/са/

 

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Велики четврток – почнуваат велигденските празнувања

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион 

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Северна Македонија