Утрински Весник
Свет

Новиот вид на Ковид-19 откриен и во Канада

Новиот вид на Ковид-19 откриен и во Канада

Властите во Онтарио соопштија дека во канадската покраина се потврдени два случаи на новиот вид на Ковид-19, откриен во Велика Британија, пренесе „Ројтерс“.

Новиот вид на Ковид-19 е потврден кај брачна двојка во јужниот дел на Онтарио.

Тие не патувале, ниту пак биле изложени на вирусот и на ризични контакти.

Новиот вид на Ковид-19 во Канада е потврден откако во Онтарио стапија на сила карантинските мерки.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силни бури го погодија Балтикот, две лица загинаа во Литванија и Латвија

Падна вредноста на доларот – 24info.mk

Путин: Киевскиот режим ја отвори Пандорината кутија, ќе добие одговор