Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Новиот бугарски премиер дава рок од шест месеци за решавање на спорот со Македонија

Новиот бугарски премиер дава рок од шест месеци за решавање на спорот со Македонија
300x250 opst2

Премиерот Кирил Петков даде сигнал дека Бугарија ќе го смени ставот што ја кочи кандидатурата на Северна Македонија за Европската Унија, пишува Фајненшл тајмс.

Бугарскиот премиер изјави дека Бугарија е 100 посто на вистинската страна за политиките на НАТО и ЕУ.

„Ќе предложиме нова процедура во однос на Северна Македонија, многу брза, со многу краток рок од само 6 месеци“, рече Петков.

Тој, исто така, изјави за ФТ дека новата влада ќе ги постави преговорите со Северна Македонија на нова основа.

„Ќе користиме работни групи за подготовка на одлуки за прашања како што се заедничката економска активност, инфраструктурата, културата и историјата“, рече Петков.

Премиерот денеска пред новинарите изјави дека разговарал со македонскиот премиер Зоран Заев, кој му честитал.

„Идејата за работни групи за кои разговаравме за време на кампањата ќе биде структурирана што е можно поскоро. Се надевам дека на почетокот на јануари ќе имаме јасен план кои се работните групи. Да ги вклучи културата, инфраструктурата, економијата и историјата. И да, правиме акциски план на почетокот на јануари овие работни групи да имаат реални резултати со идеја да се постигне напредок во преговорите“, изјави Кирил Петков.

По добивањето на мандатот за формирање влада, Кирил Петков им рече на новинарите дека позицијата на Бугарија за Северна Македонија ќе остане иста, но неговата цел е да ја „надгради“ – да не продолжи само со пароли, туку преку заедничка работа и комуникација до се движи кон решавање на билатералниот спор.

Со Министерството за надворешни работи веќе раководи новата министерка Теодора Генчовска, која е од партијата „Има таков народ“. Партијата на Слави Трифонов веќе го искажа ставот дека Северна Македонија треба да влезе во ЕУ, но тоа треба да се случи откако ќе бидат исполнети сите бугарски барања.

Можете да прочитате

Прилепчанец две години ја следел и прогонувал поранешната сопруга

Променливо облачно со сончеви периоди, температурите од – 1 наутро до 15 преку ден

Случајот „Пулс“ кај судијката која го осуди Кежаровски и го судеше Бучковски и Заев