Утрински Весник
Спорт

Гвардиола за Ф1 трката во Абу Даби: И двајцата се прваци, но некогаш успехот не зависи од вас!

Гвардиола за Ф1 трката во Абу Даби: И двајцата се прваци, но некогаш успехот не зависи од вас!

Макс Ферстапен во неделата во инфаркт завршница во Абу Даби во последниот круг го претекна Луис Хамилтон и стигна до првата своја шампионска титула во „летечкиот циркуз“.

Тренерот на Манчестер Сити – Пеп Гвардиола имаше свој комантар за лудата завршница во последната Ф1 трка сезонава кој се споделува по социјалните мрежи.

„Ферстапен и Хамилтон се неверојатни шампиони, но некогаш успехот не зависи од вас. Понекогаш нешто друго одлучува дали ќе сте шампион или не. Двајцата се прваци. И во фудбалот е слично. ВАР или некоја лоша одлука на судијата може да пресуди да не победите. Од неделната трка заклучивме дека е најважно да се знае дека секогаш мора да се борите. Се што треба да направите е она што го прави Рахим Стерлинг на нашите последни натпревари“ вели Гвардиола.

> Гвардиола за Ф1 трката во Абу Даби: И двајцата се прваци, но некогаш успехот не зависи од вас! <

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0