Утрински Весник
Магазин

Нова книга за деца на Џ.К. Роулинг на нејзината веб-страница

Нова книга за деца на Џ.К. Роулинг на нејзината веб-страница

Лондон, 26 мај 2020 (/) – Џ.К. Роулинг ги изненади обожавателите најавувајќи нова книга за деца, која од денеска ќе биде објавувана во делови на нејзината веб-страница и ќе биде достапна бесплатно.

„Икабог“ е бајка и прва детска приказна на авторката која не е поврзана со „Хари Потер“, серијата книги за момчето волшебник, што и донесе светска слава.

Роулинг ја напишала „Икабог“ пред повеќе од една деценија за своите деца и решила да ја објави за време на пандемијата, пренесува Би-Би-Си.

– Таа е за децата кои се во карантин, па дури и за оние кои одат на училиште во период на овие чудни, вознемирувачки времиња, рече таа.

Поглавјата „Икабог“ ќе бидат објавувани секој ден од денеска до 10 јули. паг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лазаров најавува второ издание на Lazarov Awards во засилување со Игор Џамбазов

Дневен хороскоп за 05 март 2026

Мачките никогаш не треба да ги храните со овие намирници