Утрински Весник
Сцена

Бочели излекуван од Ковид-19

Андреја Бочели со настап во катедралата Дуомо за Велигден

Рим, 26 мај 2020 (/)Италијанскиот оперски пејач, тенорот Андреја Бочели, денеска објави дека целосно се опоравил од вирусот Ковид-19.

Бочели на својот Фејсбук профил објави дека членовите на неговото семејство и тој имале лесна и асимптоматска форма на болеста, но дека не сакал да го објави тоа во јавност, за да ја заштити приватноста на семејството и непотребно да не ги алармира своите фанови, јави Си-Ен-Ен.

Светски познатиот тенор најави дека ќе донира крв за да помогне во клиничкото истражување за оваа болест.

На 12 април, на денот на католичкиот Велигден, за време на карантинот, Бочели одржа бесплатен концерт во целосно празната катедрала „Дуомо“ во Милано, кој се пренесуваше преку Интернет. паг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка