Утрински Весник
Свет

Нова епидемија во Африка: СЗО предупеди шест држави

Нова епидемија во Африка: СЗО предупеди шест држави

Светската здравствена организација денеска предупреди шест африкански земји на можна појава на ебола откако таа тешка болест се појави во Гвинеја и Конго.

Гвинеја во неделата пријави појава на ебола, првпат по завршувањето на трогодишната епидемија од 2016 година, а денеска веќе регистрирала дест случаи, додека во Конго болеста е регистрирана пред 10 десет дена.

„Веќе предупедивме шест околни земји, вклучително и Сиера Леоне и Либерија и тие брзо се подготвија и бараат потенцијални инфекции“ изјави портпаролката на СЗО, Маргарет Харис.

Таа не наведе кои се останатите земји кои се потенцијално загрозени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Јахтата на Путин забележана во близина на брегот на Данска

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено