Утрински Весник
Технологија

Новата македонска друштвена игра Monsters on Board веќе може да се проба од публиката

Новата македонска друштвена игра Monsters on Board веќе може да се проба од публиката

Љубителите на друштвени игри ќе можат да се испробаат меѓусебно со новата македонска игра Monsters on Board дизајнирана од Александар Микиќ, Иво Нешковиќ и Самоил Петрески. Издавач на играта е Final Frontier Games, а во создавањето на финалниот производ учествуваа и Дрејк Вилареал, Михајло Димитриевски – Тхе Мичо и Бојан Дранго.

Приказната во играта е дека има недостаток на омилениот пијалак на чудовиштата „Spook Juice“. Пијалакот се дестилира од стравот на луѓето, па една недела пред најголемата забава играчите во улога на 6 чудовишта (Франкештајн, вештерка, врколак, мумија, костур, и прилично симпатичен октопод) треба да го посетат најблискиот град и да почнат да ги плашат жителите.

Инаку, македонската компанија за друштвени игри Final Frontier Games есенва организираше кампања со огромен успех на Кикстартер (Kickstarter) за нивната игра Monsters on Board, на која беа собрано неколкукратно повеќе средства од предвидените за оваа игра.

Final Frontier Games е компанија за друштвени игри создадена во Скопје во 2014 година. Нивната цел е да поттикнат дружба на пријатели и семејства преку друштвени игри. Ова е седмата друштвена игра којашто ќе биде објавена од Final Frontier Games покрај нивните претходни игри Cavern Tavern (2016), Rise to Nobility (2017), Robin Hood and the Merry Men (2018), Rise to Nobility: Beyond (2018), Coloma (2019) и A Fistful of Meeples (2019).

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

ПРОДАЖБАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ ВО ЕВРОПА ВО 2023 ГОДИНА ПОРАСНАЛА ЗА РЕЧИСИ 14 ПРОЦЕНТИ

Jana

Новите очила на „Apple“ најверојатно брзо ќе се распродадат

Jana

ЕУ ги казни „Валв“ и пет други компании поради ограничување на продажбата на видеоигри

META