Утрински Весник
Спорт

Ниту среќата не ги сака – Шалке прими гол во 93. минута за пораз од Келн

Ниту среќата не ги сака – Шалке прими гол во 93. минута за пораз од Келн
Screenshot

Кога се чинеше дека „клетвата“ е прекината со победата над Хофенхајм, Шалке повторно сврза два порази во низа, овојпат од директен кандидат за испаѓање, Келн и тоа со гол во 93. минута од мечот.

Дефанзивецот Рафаел Чикос ги донесе Келн во водство во 31. минута од мечот, но Шалке израмни во 57. минута преку Американецот Метју Хоуп, и беше на секунди пред освојување на поенот, кога Јан Тилман во 93. минута ги урна надежите на „кралско сините“.

Screenshot

Со трите поени, Келн скокнува на 15. место со 15 поени, додека Шалке се убедливо последни со 7 освоени поени.

> Ниту среќата не ги сака – Шалке прими гол во 93. минута за пораз од Келн <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските одбојкари поразени и од Чешка во Европската златна лига

Страшен меч во Виљареал, Сорлот му даде четири гола на Реал

Новиот шампион на Англија е Манчестер Сити