Утрински Весник
Спорт

Нико Гонзалес донесе триумф за Фиорентина

Нико Гонзалес донесе триумф за Фиорентина

Фиорентина стигна до 15. победа во Серија А оваа сезона совладувајќи го Емполи на „Артемио Франки“ со 1-0. Стрелец на победничкиот гол за „виолетовите“ беше Нико Гонзалес во 58.минута, на асистенција на Бираги. Емполи од 57.минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Луперто.

Со овој триумф, Фиорентина се искачи на осмата позиција со 50 бода, но само со два бода негатива во однос на петтопласираниот Лацио.

Емполи се наоѓа на 12. позиција со 33 бода.



> Нико Гонзалес донесе триумф за Фиорентина <

Можете да прочитате

Клубот на Роналдо е во длабока криза, должи 200 милиони долари

Tрка од Формула 1 шампионатот ќе се одржи во Малезија наместо во Бахреин

ИОК нема да ги истражува постапките на Инфантино на СП 2026