Утрински Весник
Магазин

Никол Кидман изгледа сосема поинаку со црна коса

Никол Кидман изгледа сосема поинаку со црна коса

Никол Кидман често експериментира со фризурите и неодамна се појави на екранот со нејзината природна костенлива коса во трилер серијата The Undoing.

А изминатиов викенд, актерката од „Големите мали лаги“ откри како би изгледала со црна коса. Оваа трансформација ја направи во духот на Халовин или Ноќта на вештерките што ја одбележа со своето семејство.

Никол ја прослави Ноќта на вештерките дома во Австралија, каде што моментално престојува за снимање на филмот „Девет совршени странци“. На прославата ѝ се придружи сопругот Кит Урбан и ќерките Сандеј и Фејт.

Холивудската ѕвезда и нејзиното семејство се преселија во Австралија во текот на летото кога беа укинати ограничувањата за патување среде пандемија, откако првите пет месеци од годината ги поминаа во нивниот дом во Нешвил.

Природната коса на Австралијанката е костенлива-бакарна.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Штипската џиновска пастрамајлија ќе биде долга над два метри

Детали за турнејата на Оејзис во 2027

Клучот до среќата не се парите: Науката има неочекуван одговор