Утрински Весник
Магазин

Никол Кидман во адаптација на норвешката драмата „Надеж“

Никол Кидман во адаптација на норвешката драмата „Надеж“

Никол Кидман ќе глуми во нова серија, адаптација на норвешката семејна драма „Надеж“.

Австралиската актерка (53) исто така ќе биде извршен продуцент на проектот, кој ќе го претвори кандидатот за „Оскар“ на режисерката Марија Садал во серија.

Продуцентската куќа на Кидман, Blossom Films, ќе работи со Amazon Studios, кој веќе има склучено договор со студиото.

Серијата е опишана како емотивно комплицирана драма за мешано семејство.

Во оригиналниот „Надеж“ (2019) играа Андреа Ховиг и Стелан Скарсгард. Филмот забележа успех и освои награда за најдобар филм на Берлинскиот филмски фестивал, во категоријата „Панорама“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Како пливањето го поттикнува здравјето

Единствената земја во која нема комарци

Куба разви лек против меланом