Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Николоски: Промената на локалната власт, ќе донесе рушење на Владата

Николоски: Промената на локалната власт, ќе донесе рушење на Владата
300x250 opst2

Промената на локалната власт на 17. октомври, ќе донесе рушење на ненародната Влада на СДСМ и Зоран Заев, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски од Центар.

„Имаме една прекрасна личност за кандидат и иден градоначалник на општина Центар, професорката Котлар во својот професионален живот докажала дека може да ги менува работите на еден професионален и стручен пристап и истото ќе го прави во општина Центар. Како што кажа, решивме во рамки на Коалицијата да ја подржиме затоа што сметаме дека треба едно пошироко граѓанско обединување, обединување кое што вклучува поголем број на политички партии, но исто така и здруженија на граѓани“, порача Николоски.

Според него, најдобар доказ дека во општина Центар работите не се движат како што треба е хаосот во урбанистичкото планирање.

„Во Ценат згради никнуваат буквално како печурки, а потврда дека тоа е лоша политика е самото тоа што СДСМ реши да не го кандидира актуелниот градоначалник за втор мандат со што признаваат дека не ја работел добро работата, а и замената односно оној кој што сега го предлагаат е апсолутно непозната за јавноста и за луѓето. Така што одат со едно решение кое што не е познато и не може да ја заслужи довербата. Така што очекуваме после 17ти октомври и во општина Центар и во Град Скопје да се случат промени, заеднички да има соработка помеѓу општината и помеѓу Град Скопје и да се менуваат работите, а тоа да е вовед во рушење на оваа ненародна влада и формирање на една влада на чесни, компетентни и одговорни луѓе“, додаде Николоски.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО и Коцевски да одговорат дали дискотеката Пулс платила 40.000 евра

Филипче: Само со темелни реформи може да го смениме системот, тоа е мојата политика

Доаѓаат влажни воздушни бранови од Медитеранот кон Македонија