Утрински Весник
Македонија

Николоски од Тетово: Програмата на ВМРО-ДПМНЕ води кон подобра инфраструктура и решавање на проблемот со водоснабдувањето

Ss2

„Би сакал да ја поздравам иницијативата „Го сакам Тетово“ која што овие два дена организира и концерти, којшто се навистина, вчера беа масовно посетени, а очекувам и вечерва да има масовна посетеност. Така што во рамки на овие посети се обидуваме да поразговараме со луѓето за нивното секојдневие, за нивните проблеми. Изборите за советници во Тетово даваат добра можност да можеме да уште еднаш поразговараме со луѓето и да ги видиме нивните барања и нивните проблеми“ порача денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

dobivaj vesti na viber

Тој напомена дека „програмата на ВМРО-ДПМНЕ е веќе поделена низ градот Тетово, таму имаме конкретни мерки за подобрување на инфраструктурата, понатака вложување во екологијата пред се во развој на паркови и создавање на голем градски парк, понатака решавање конечно на проблемот со водоснабдувањето и бројни други проблеми со кои што се соочуваат тетовчани. Секако тука се и економските предизвици коишто и не се секогаш во надлежност на советот да може советот да помага, а овие локални избори мислам дека ќе се и вовед во предвремени парламентарни избори“.

Ss1

„Очекувам околу ВМРО-ДПМНЕ да се обединат што поголем број на граѓани да дадат доверба на ВМРО-ДПМНЕ со цел да можат да се реализираат бројни проекти. Ние нема да сме скромни и ќе кажам дека очекуваме да имаме најмалку 6 советници во советот коишто ќе бидат клучни при одредувањето на мнозинството во советот и ќе ја одредат идната патека на градот Тетово и на општината Тетово“ порача Николоски.

Ss1

Можете да прочитате

Маричиќ: Гласот за ЗНАМ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните увидоа дека улогата на ЗНАМ е да се помогне на ВМРО-ДПМНЕ и ништо друго

Претреси во Чашка, приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори 

Подкастот кај Лазаров кратко прекина откако на Боки 13 му јавија дека има полиција во домот на неговите родители