Утрински Весник
Македонија

Николовски: Општините рационално да ги користат парите, службените возила да не се користат за приватни цели

Николовски: Општините рационално да ги користат парите, службените возила да не се користат за приватни цели

Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, ги повикува сите новоизбрани градоначалници да го следат примерот на Владата за донесување на одлуки за регулирање на начинот на користење на службените возила и трошоците за угостителски услуги за работни состаноци. Локалните единици тоа може да го сторат, преку општинските совети со донесување на посебни акти со кои ќе се ограничат средтсвата за репрезентација на градоначлниците и користење на службените возила, се нагласува во соопштението од неговиот кабинет.

Во него се додава дека на предлог на кабинетот на вицепремиерот Љупчо Николовски, годинава се имаат донесено две одлуки кои се однесуваат на ограничување на користењето на службените возила и на службените трошоци за угостителски услуги за работни состаноци. Овие одлуки се во насока на рационално и транспарентно користење на буџетските средства.

Од кабинетот на Николовски потсетуваат дека веќе се применува одлуката за регулирање на користењето на службените возила. Секое користење на службените возила за вработените претходно според точно утврдена процедура се одобрува. Целта, како што велат е оправдано, наменско, рационално користење на службените возила, односно да не се користат возилата за приватни цели.

„Исто така функционерите ја применуваат и почитуваат одлуката за начинот на користење и висината на финансиските средства за угостителски услуги во угосителски објекти во државата при одржување на работни состаноци. Функционерите имаат точно определни износи кои смеат да ги искористат за угостителски услуги за работни состаноци, според точно утврдени критериуми“, се истакнува во писмениот допис од кабинетот на Николовски.

Можете да прочитате

Д-р Даниловски за Западнонилската треска: Осум тешки случаи се откриени, но не знаеме колку луѓе се заразиле 

Пациент со западно-нилска треска во критична состојба – заразен од комарец во Скопје

Пожарот кај Велес се прошири кон патот за Штип, МВР го регулира сообраќајот