За само две и пол години направивме многу повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ за 11 години, порача Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител на ИЕ 3 на коалицијата „Можеме“, на трибината во Крива Паланка.
„После 50-60 години ги обновивме сите регионални патишта во овој регион. Патот Ранковце-Крива Паланка, целосно завршен проект. Започна да се работи и на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, три од четири експресни патишта се градат во Истичниот регион. Работиме и на патот Крива Паланка-Деве Баир, еден од најуништените патишта. Срамно е таков пат да не поврзува со ЕУ, со Бугарија“, нагласи Николовски пред присутните.
Додаде дека СДСМ покажал оти зборот е збор и дека се грижи за сите луѓе, односно го враќа животот насекаде.
„Во следниот мандат ќе се заврши проектот за гасификација на Крива Паланка до секој дом. И зимски рекреативен центар на Калин Камен ќе има во следниот мандат со СДСМ и со коалицијата ‘Можеме’. Но, ќе има и рурален развој и повисоки плати, повисоки пензии, за сигурна иднина, за повеќе работни места за младите, за силен развој на новата македонска економија“, рече Николовски.
Генералниот секретар на СДСМ нагласи и дека Северна Македонија ќе продолжи по патот по кој е трасирана нашата земја.
„Влеговме во НАТО, можеме и во ЕУ. Ќе дојдеме до тие две и пол милијарди евра за повеќе пари за секое семејство, за повеќе водоводи, за повеќе канализации“, реле Николовски и ги повика граѓаните на 15 јули да излезат масовно на гласање и да гласаат за СДСМ и коалицијата „Можеме“.
Текстот Николовски: Во следниот мандат ќе го завршиме проектот за гасификација на Крива Паланка е превземен од МАКФАКС.