Утрински Весник
Магазин

Николас Кејџ сака да се врати во продолжение на „Без лице“

Минатата година се разговараше за продолжение на акциониот трилер Face Off („Без лице“).

По неодамнешната премиера на „Неподносливата тежина на големиот талент“ во кој Николас Кејџ (58) се глуми себеси, а кој дава приказ на неговата актерска кариера, фановите се прашуваат што е следно и каде ќе се појави.

И тој самиот откри дека е заинтересиран да се појави во евентуално продолжение на блокбастерот „Без лице“, во кој глумеше заедно со Џон Траволта.

„Можам да зборувам затоа што имаше неколку телефонски повици со Нил Мориц, со кој многу уживав кога работев на првиот Face Off. Тој е еден од вистинските, големи продуценти во Холивуд. Можно е да има втор дел,“ изјави Кејџ во интервју за ComicBook.

Можете да прочитате

Специфични пет прашања околу тоа како детето си поминало на училиште

Бубрег од свиња пресаден кај Американец функционирал рекордни 271 ден

Изложба на олдтајмери во Кавадарци, најстарото возило е 98 години