Утрински Весник
Свет

Низа силни земјотреси го погодија Чиле

Земјотрес во Словенија

Два силни земјотреси во рок од половина час утрово го погодија пацифичкиот брег на Чиле, соопшти Геолошкиот институт на САД (USGS).

Според податоците, првиот земјотрес бил со јачина од 6,8 степени во 9 часот наутро (4 часот по Гринич), околу 80 километри северозападно од Валенар во северниот чилеански регион Атакама.

Дваесет минути подоцна бил регистриран втор потрес со јачина од 6,3 степени, оддалечен околу 2 километри, а набрзо по него следеле уште два земјотреси со јачина од 5,4 и 5,1 степени.

Чилеанските власти, пак, соопштија дека првиот земјотрес бил со јачина од 7,0 степени, а вториот 6,1 степени.

Засега не е издадено предупредување за цунами по земјотресот и нема извештаи за повредени.

Чилеанскиот брег лежи на пацифичкиот „огнен прстен“, кој се карактеризира со голема стапка на сеизмичка активност.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дронови погодиле два грчки танкера во Црното Море

Специјалниот обвинител побара смртна казна за поранешниот претседател на Јужна Кореја

Хулио Иглесијас се соочува со обвиненија за сексуален напад