Утрински Весник
Свет

„Изгубивме поради Црквата“

„Изгубивме поради Црквата“

Носителот на листата на црногорската Демократска партија на социјалистите (ДПС) во Андријевица и актуелен претседател на општината, Срѓан Машовиќ, вели дека ДПС на претседателот Мило Ѓукановиќ постигнала лош изборен резултат заради прашањето околу Српската православна црква (СПЦ).

Како што пренесува „Вијести“, тој рекол дека се повлекува од политиката од лични и здравствени причини.

Општинската изборна комисија потврди дека коалицијата „За иднината на Црна Гора“ освоила 13, а „Мирот е наша нација“ (Демократите) освоиле три мандати, што е за еден мандат повеќе од ДПС, која има 15 места.

Посочено е дека останува да се изброи уште едно помало избирачко место, но дека резултатот не е доведен во прашање.

Машовиќ за „Вијести“ изјави дека на локално ниво тие биле сервис за сите граѓани односно дека не го делеле населението според политичка припадност.

„Многу работевме на економски и инфраструктурен план, но очигледно е дека Црквата имала влијание во изборот на граѓаните“, истакна Машовиќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски го избра шефот на „Нафтогас“, Сергеј Корецки, за нов украински премиер

Братот на шпанскиот премиер осуден за непотизам – девет години не смее да добие  јавна функција

Агент на американската имиграциска служба застрела маж во Мејн, случајот предизвика нови критики кон Агенцијата